За Нас

Наши основи

ГЕРУСТБАУ ЈУ-СМ, ние сме компанија која нуди сеопфатни услуги во областа на монтирање скелиња. Општите знаења на нашиот тим и искуството стекнато во текот на изградбата на различни видови на згради имаат влијаено да ја создадеме нашата кариера која ја поседуваме денес. Компанијата “ЈУ-СМ” ДООЕЛ нуди ефективни и ефикасни реализации на услуги, односно комплетни работни услуги, во Македонија и во околните земји. Главниот фокус на нашата компанија се јавните, инфраструктурните, комерцијалните, индустриските и станбените објекти. Нашата компанија е фокусирана на ефикасна реализација и на високо квалитетни услуги, имено монтажа, демонтажа, транспорт и изнајмување на модуларни високо квалитетни скелиња и нивна брза монтажа. Ние ви нудиме фиксна и мобилна работна платформа, во согласност со барањата на најмодерните стандарди на работа, законските барања и прописите за безбедност и здравје при работа, добрата инжинерска пракса и аспектите за заштита на животната средина. Постојан приоритет на компанијата е испорака на високо квалитетни услуги со примена на најсовремени технички-технолошки достигнувања, материјали и компоненти.

Наш приоритет

“ЈУ-СМ” ДООЕЛ е првата компанија за монтирање скелиња во Република Македонија, сертифицирана со меѓународен стандард ISO 9001:2008 од страна на познатато германско тело ТУВ РЕИНЛАНД ГРУП, кое е едно од најстарите и најпрестижните тела за надзор и овластувања во светот. Со ефективната примена на системот за управување на квалитет, и во согласност со меѓународниот стандард ISO 9001:2008, нашата компанија се повеќе ги воспоставува своите предности и бенефиции преку зголемување на одговорноста и ефективното и ефикасното управување, како и зајакнувањето на сеопфатните перформанси на компанијата. Ние секогаш ќе придонесеме за повисоко ниво на доверба која ја имате кон нас. Масовното проширување на пазарот и конкурентните предности, но во исто време и зголемената бенефиција на корисниците со користење на високо квалитетни услуги, доверливоста и усогласеноста со специфични барања и задолжителни законски и регулаторни барања влијаат да работиме постојано. Овој успех на “ЈУ-СМ” ДООЕЛ е составен дел од нашата визија, за ова компанија да биде главна, одговорна и почитувана во земјата и регионот, да биде познат лидер по строгото придржување кон стандардите за најдобра инжиниерска практика и компанија која има за цел раст преку обезбедување на врвен квалитет и безбедност секогаш со користење на најновата технологија.

Наши квалитети

Ние сме познати за германскиот квалитет што го нудиме во нашата земја. Како сериозна компанија, ГЕРУСТБАУ “ЈУ-СМ”, сите елементи на системот на скелиња ги добиваме од Германија и се осигураме тие да ги исполнуваат сите потреби со квалитет во согласност со ДИН стандардите.
Овој вид градежен систем својата посветеност го има во градежништвото. Скелите се монтираат едноставно, лесно и брзо. Ние ви носиме материјали произведени од најголемите производители во светот, како што се ЛАУХЕР, АЛТРАД, БАУМАН, РХ, итн. Обидувајќи се секогаш да бидеме во согласност со барањата на европскиот пазар и да бидеме во тек со времето, ние го имаме усвоено најбрзиот начин на монтирање скели од типот EN 10219-1/2; EN 12810; EN 12811; EN 12811;EN 12812;TG20:08;Z-8.1-844. Тие што ја позиционираат нашата компанија како водечки снабдувач се меѓународните кодови за спречување на ризиците по здравјето и безбедноста за време на монтирање на скелиња, квалитетот и гаранцијата. Монтирањето на скели секогаш се врши во контролирани и сигурни услови.

Ние сме подготвени и во ваша услуга со нашиот стручен тим и технолошките уреди, со кои ги имаме исполнето сите работи и ја имаме завршено успешно секоја услуга досега. Искуството ни помогна да создадеме заемна доверба во нашата работа со клиенти.